ПРИРОДНО РЕШЕНИЕ ПРОТИВ
Aнемии, Гастритис, Гихт и Ревматолошки болести.
PRIMED 5 Feromed
На база на мед и лековити билки кои во својот состав содржат железо
PRIMED 5 Feromed е природен препарат, направен по проверена рецептура, на база на мед и лековити билки кои во својот состав содржат железо. PRIMED 5 Feromed се препорачува кај:
Дневната доза зависи од изразеноста на симптомите.
Возрасните и децата постари од 10 години: 1 лажичка од препаратот 1-2x дневнo, половина час пред или 2 часа по оброк.
Доколку користите PRIMED 5 за подобрување на крвната слика, 10 минути по конзумирањето на препаратот се препорачува да се напиете лимонада или некои суплементи со витамин Ц, за да постигнете подобра апсорпција на железото.
Деца од 3 дo 10 години: Половина лажичка од препаратот 2x дневнo, половина час пред или 2 часа по оброк.
PRIMED 5 на организмот му обезбедува оптимално количество на железо за правилна изградба на црвените крвни зрнца. Со зголемување на концентрацијата на железо се зголемува создавањето на хемоглобин кој има основна улога во пренесувањето на кислородот преку крвотокот.
Добро се апсорбира од цревата и за кратко време ги покажува своите корисни ефекти во организмот.
Поволно делува на варењето на храната и помага при отстранување на симптомите кои ги следат воспалението на слузокожата на желудецот предизвикано од различни фактори, вклучувајќи и инфекција со бактеријата Helicobacter pylori.
Копривата, која влегува во состав на препаратот, има долга традиционална употреба во народната медицина во превенцијата од гихт и од ревматолошките пореметувања. Помага да се елиминира вишокот на течности и мочната киселина, чие собирање во организмот предизвикува појава на гихт.
PRIMED 5 Feromed не е замена за лек и за пропишаната терапија.
Препаратот не смеат да го користат лица пречувствителни на состојките на препаратот и дијабетичари типа 1.
Не се забележани несакани реакции или интеракции со лековите и со другите препарати во текот на примената на препаратот во препорачаната дневна доза.
PRIMED 5 Feromed можете да го користите паралелно со пропишаната терапија, одвоено 2-3 часа од земањето на другите препарати или лекови. Доколку користите други препарати за надомест на железо или лекови против коагулација на крвта, консултирајте го Вашиот лекар пред употреба на препаратот.
Во врска со користењето на препаратот во текот на бременоста и периодот на доење консултирајте се со својот гинеколог.